Шест туристи во Лаос испиле вотка и починале - приведен сопственикот на фабриката за вотка
Полицијата во Лаос го уапси сопственикот на фабриката за која се верува дека е изворот на метанолот кој отру и уби шест туристи, меѓу кои и две тинејџерки од Австралија и еден британски адвокат.
Фабриката се наоѓа недалеку од главниот град и беше позната по производството на локални брендови Tiger вотка и Tiger виски. По избувнувањето на труењето, властите ја затворија фабриката и ја забранија продажбата на овие производи низ целата земја.
Тинејџерите Бјанка Џонс и Холи Боулс, и двете 19, се меѓу шесте туристи на кои им се слошило додека биле на одмор во Ванг Виенг, популарна туристичка дестинација северно од Виентиан.
Девојките престојувале во хостелот Нана Бакерс, каде полицијата уапсила осум членови на персоналот. Откако се разболеле на 13 ноември, и двете биле итно пренесени во различни болници во Тајланд. Бјанка почина во болницата Удон Тани, а Холи неколку часа подоцна во болница во Бангкок.
Заедно со нив починаа и британската адвокатка Симон Вајт (28), две девојки од Данска Ен-Софи Оркилд Којман (20) и Фрела Венервалд Соренсен (21) и Американецот Џејмс Луис Хатсон (57). Сите пиеле контаминирани алкохолни пијалоци, имено вотка, за која се верува дека содржела смртоносна количина на метанол.
Министерството за здравство на Лаос објави дека забраната за продажба на Tiger вотка и Tiger виски останува во сила додека производителот не ги подобри стандардите за безбедност на производството. Еј-би-си Њуз објави фотографии од фабриката.
Во врска со случајот досега се уапсени вкупно 12 лица, меѓу кои двајца Индијци и една Филипинка кои работеле во хостелот во кој престојувале девојките. Против осомничените се уште не е покренато обвинение.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа