Кршење на примирјето: Израел и Хезболах на работ на нов конфликт
Израелски тенковски оган беше отворен во четвртокот врз шест области во јужен Либан во четвртокот, а израелската војска соопшти дека прекинот на огнот со Хезболах наводно бил прекршен откако сомнителни лица, некои во возила, пристигнале во неколку области во јужната зона.
Прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах стапи на сила во средата, според договорот постигнат со посредство на САД и Франција по 14 месеци конфликт.
Израелската армија ги повика жителите на населените места долж граничниот појас да не се враќаат уште од безбедносни причини.
Во четвртокот наутро, израелски тенк погоди шест области во граничната зона, рекоа либански безбедносни извори и објавија државните медиуми.
Зафатени беа населбите Маркаба, Вазани и Кфаршуба, Хиџам, Таибе и земјоделските полиња во близина на Марјаџун, кои се наоѓаат на два километри од демаркационата линија меѓу Либан и Израел. Безбедносен извор изјави дека две лица се повредени во Маркаба.
Либанските семејства кои ги напуштија своите домови во близина на јужната граница се обидоа да се вратат за да ја проверат состојбата на нивните куќи. Но, израелските војници остануваат стационирани на либанска територија во градовите долж границата, а репортерот на Ројтерс слушнал дронови за надзор како летаат над делови од јужен Либан.
Израел и Хезболах не го коментираа тенковскиот оган.
Според договорот за прекин на огнот, израелските сили имаат 60 дена да се повлечат од јужен Либан, но ниту една страна не смее да започне офанзивни операции.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека и наредил на армијата да не дозволува жителите да се враќаат во селата во близина на границата.
Претседателот на либанскиот парламент Набих Бери, главниот либански соговорник во преговорите за прекин на огнот, во средата изјави дека жителите можат да се вратат дома.
Хезболах рече дека неговите борци „остануваат целосно подготвени да се соочат со аспирациите и нападите на израелскиот непријател“. Силите на Хезболах ќе го следат израелското повлекување од Либан со „прстите на чкрапалото“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа