Нов проблем за ЈСП и скопјани: Приватните автобуси се паркираа во гаражите - веќе нема да возат

 

Првиатните автобуски превозници се исклучуваат од јавниот превоз во Скопје. Причина за ваквиот потег е тоа што Советот на Град Скопје на денешната седница не ги стави на дневен ред нивните барања за зголемување на цената по изминат километар.
Тоа ќе донесе нови проблеми во скопскиот јавен градски превоз кој деновиве се крпи со нафтата која му ја позајми Владата.
Актуелното раководство на главниот град во моментов нема решение за проблемот, па на скопјани им останува низ градот да се движат како знаат и умеат.
Од денеска нема да сообраќаат линиите на приватните превозници со броевите 9, 11, 11а, 12, 19, 20, 22, 23, 45, 52, 54, 61, 63 и 73.

27.11.2024 - 14:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега