Серија апсења во Македонија - приведени 15 лица
Полицијата вчера и денес апсеше на повеќе локации во Македонија при што приведе 15 лица.
На 18.11.2024 во 20.50 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода В.А.(32) од Република Албанија. При преглед и контрола на автобус со албански национални ознаки, со кој се превезувал на релација од Албанија до Италија, В.А. бил селектиран за дополнителна контрола, при што во неговиот багаж биле пронајдени три кеси со 3622 монети со археолошка вредност, различни по форма, вредност, големина и потекло. Со лицето бил извршен службен разговор и за настанот бил запознаен јавен обвинител, по чија наредба монетите биле одземени за понатамошна постапка. В.А. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 265 од Кривичниот законик.
На 18.11.2024 во 23.40 часот во село Просениково, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода О.Т.(58) од с.Просениково. При преглед кај него, а подоцна и во неговиот дом била пронајдена марихуана. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно расчистување на случајот, против О.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (19.11.2024) во 00.15 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Л.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.11.2024 во 00.40 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.В.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.11.2024 во 23.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода К.К.(20) и В.В.(20), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.11.2024 во 18.40 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.Д.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.11.2024 во 19.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Т.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.11.2024 во 11.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.11.2024 во 18.00 часот на ул. „Чеде Филиповски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Н.Д.(27), Ф.Ј.(29), Б.Ј.(30), Х.П.(27) од Битола и Г.Ј.(33) од с.Слоешница, демирхисарско, затоа што при преглед кај нив, кај Н.Д. била пронајдена и одземена марихуана. Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на настанот ќе следуваат соодветни поднесоци.
Денеска (19.11.2024) во 00.10 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле С.Л.(23) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени два ножа. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа