„Беше бучно“: Земјотрес ја стресе вечерва Грција

 

Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди Грција.

Епицентарот на земјотресот бил на 50 километри источно од градот Солун, на длабочина од пет километри.

Земјотресот се случи во 22:53 часот по локално време, а многу граѓани ги споделија своите искуства на веб-страницата на ЕМСЦ.

„Неверојатно, се поместував во кревет“; „Беше доста бучно“; „Солун се стресе“, се дел од коментарите.

12.11.2024 - 23:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега