Џастин Бибер: Се повлекувам од музиката

Џастин Бибер иако има само 19 години и само што ја започна кариерата, на својот Твитер напиша дека официјално се повлекува. 

„Мој драги Билибери, јас официјално се повлекувам“, пишув на Твитер.

Кога пред неколку недели во една радио емисија Џастин Бибер изјавил дека се повлекува од сцената, сите знаеја дека во прашање е шега. Сега тој остави порака во која и официјално ја потврди веста. 

По оваа порака следувале уште две во кои пејачот им изјави на фановите дека медиумите пишувале секакви будалаштини за него и дека сакале тој да пропадне, но дека тој никогаш нема да ги напушти. 

„Да се биде Билибер е живетен стил. Никогаш нема да ве напуштам. Бидете внимателни и сакајте се едни со други. Простете како што Бог ни простил нас преку Исус“, а потоа им го честита Божиќ на сите. 

 

25.12.2013 - 12:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега