Нема крај на семејните насилства: Скопјанка си ја претепала мајката, беровчанец си го претепал таткото
Вчера во 16.30 часот во СВР Скопје, 67-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзината ќерка Д.С..
Исто така во 18.10 часот во Берово, полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода И.Г.(39) од Берово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички го нападнал неговиот 65-годишен татко.
По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
12.11.2024 - 16:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа