Слаткар: Ние речиси со Сања сме маж и жена

Раперот Марко Маринковиќ Слаткар веќе четири години е во љубовна врска со манекенката Сања Николлиќ, од кои три години живееат заедно.

 Слаткар вели дека сеуште ја нема запросено  Сања  но и покрај тоа што го немаат кажано судбоносното да, тој веќе ја доживува како своја сопруга.

-Па ние долго време живееме заедно. Јас сум среќен човек што ја имам Сања покрај себе. Ние речиси сме маж и жена. Таа е најпрекрасната жена која сум ја запознал. Многу си се сакаме. Мислам дека таа е вистинската. Нели велат никогаш не вели никогаш и обратно, но јас знам дека таа е најубавото нешто што ми се случило во животот, вели раперот за Вечер.

25.12.2013 - 10:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега