Ердоган очекува крај на војните во Газа и во Украина
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му честиташе, како што рече, на неговиот пријател Доналд Трамп за победата на претседателските избори во САД по големата битка.
„Верувам дека ќе се направат повеќе напори за поправеден свет во оваа нова ера која почна со изборот на американскиот народ“, објави Ердоган на мрежата Икс.
Турскиот претседател додаде дека се надева дека ќе стави крај на тековните регионални конфликти и кризи, пред се конфликтот меѓу Израел и Хамас во Газа и војната меѓу Русија и Украина.
06.11.2024 - 11:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа