ЦУК со полни раце работа: 12 изгубени планинари, моторџија со скршеница на ногата во планина и 14 пожари

 


Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 989 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 59%, а 41% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 71%, кон Итната медицинска помош 21%, а кон пожарникарите 6% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 628 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие повици за итни случаи биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

Вчера на Единствениот повикувачки број 112 за итни повици 112 во ЦУК, покрај другото, беа примени два повика за помош во планина, еден за помагање на повреден моторџија со скршеница на ногата и еден повик за пронаоѓање група планинари коишто не можеле да контактираат до доцна синоќа. Конкретно РЦУК Скопје, известува дека преку број за итни повици 112 во ЦУК, вчера во 13.44 часот е добиена дојава за повреден моторџија кој паднал од мотор на место викано „Рамно“ над Чучер-Сандево. Повредениот, односно моторџијата, се здобил со скршеница помеѓу зглобот и коленото на ногата. За настанатата состојба веднаш биле известени Итна медицинска помош кои тргнале на терен. ЦУК по остварениот контакт со лицето што пријавува доби известување дека се работи за поголема група на моторџии и истите дека го пренесат со теренско возило до пристапно место каде што лицето може Итната медицинска помош да го преземе, по што безбедно е пренесено во болница. На Единствениот повикувачки број 112 за итни повици 112 во ЦУК, вчера, во 21.35 часот беше пријвено дека група од 12-лица планинари денеска замина,е во планинскиот предел на Шара над Општина Тераце, односно над село Пршовце, а со цел да одат во м.в „Доброшки Езера“, но во вечерните часови не можеле да воспостават контакт. Инаку, приајвителот информираше дека последната локација била во месноста „Три Чешми“ во близина на границата со Косово. Лицата се пронајдени во 22.05 часот ноќта.

ЦУК информира дека во последното деноноќие имало регистрирано 14 пожари на отворено на територијата на државата, покрај интервенциите за гаснење пожари во населени места и сите се изгаснати. Гореле запалени депонии, ниска дабова шума, мешана шума, ниска вегетација, стрништа, меѓи од ниви, трска, капини и врби. Регионалните центри за управување со кризи информираа до нашиот национален ЦУК дека на територијата на државата интервенции за гаснење пожари на отворено имале пожарникарите од БППЗ на Град Скопје (2), Територијалните противпожарни единици (ТППЕ) на Битола (4), Крушево (1), Струмица (1), Радовиш (2), Валандово (1), Куманово (2) и од Старо Нагоричане (1). Конкретно, Регионалниот ЦУК Скопје, ја пренесува информацијата од БППЗ на град Скопје, дека од 13.25 до 14.55 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалена депонија на површина од 2 декари во с.Лака. (Општина Сарај) и од 15.25 до 21.20 со 5 пожарникари и 2 ПП возило интервенирале на запалена сточна храна во с.Страхојадица. (Општина Зелениково).

РЦУК – Битола, ја пренесува информацијата од ТППЕ Битола 4 дека од 13.05 до 13.35 часот со 2 пожарникара и 1 ПП возило гаснеле запалено стрниште во с. Логоварди, од 13.40 до 14.15 часот со 2 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалено стрниште во атарот на с. Дихово, од 14.50 до 17.30 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснале запалена ниска вегетација и стрниште помеѓу селата Лопатица и Габалавци и дека од 17.35 до 20.00 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возло гаснеле запалено ѓубриште во депонијата во с. Мегленци (Општина Битола). ТППЕ Крушево во период од 11.20 до 17.00 часот со 3 пожарникари и 2 ПП возила и 2 вработени од ПШС Липа Крушево гаснеле запалена букова шума во месноста „Белушки ледини“ во атарот на с. Белушино (Општина Крушево).
РЦУК – Струмица, ја пренесува информацијата од ТППЕ Струмица1 дека од 10.51 до 12.00 часот со 5 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација, капини и меѓа наспроти „Агрокор“ (Општина Струмица).

ТППЕ Радовиш од 12.30 до 14.10 часот со 4 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена дива депонија, ниска дабова шума и ниска вегетација над с. Јаргулица (Општина Радовиш) и од 13.35 до 14.40 часот со 2 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација, и лозов насад во с. Раклиш (Општина Радовиш). ТППЕ Валандово од 15.35 до 16.35 часот со 2 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација и капини кај место викано Мерата (Општина Валандово). РЦУК – Куманово, ја пренесува информацијата од ТППЕ Куманово дека од 10.15 до 11.10 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација и стрниште во с. Доброшане и од 12.15 до 12.50 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација во Агино Село (Општина Куманово). ТППЕ Старо Нагоричане, вчера, од 15.20 16.30 часот со 2 пожарникара и 1 ПП возило гаснeле запалена ниска вегетација кај селото Младо Нагоричане.

Регионалниот ЦУК- Штип, извести дека било пронајдено неексплодирано убојно средство (НУС), конкретно минско експлозивно стредство во нива во атарот на с. Тркање во Општина Кочани. Местото било обезбедено од припадници на ПС Кочани и во текот на денешниот ден е планирано безбедно да биде отстранета од страна на пиротехничар на ДЗС од Куманово.

04.11.2024 - 10:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега