ВИДЕО: Израел утрово срамни со земја голем дел од Бејрут
Израел изврши воздушни напади во петокот рано наутро врз јужните предградија на Бејрут, први напади врз градот по речиси една недела
Најмалку 10 напади беа извршени откако израелската армија нареди евакуација на зградите во упориштето на Хезболах.
Нападите се случија еден ден откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се состана со американски официјални претставници за да разговараат за можниот договор за ставање крај на војната во Либан што резултираше со зголемени жртви од двете страни на границата.
Снимките од AFPTV покажаа експлозии проследени со облаци чад во предградијата.
„Нападите оставија големо уништување во целните области, бидејќи десетици згради беа срамнети со земја, при што избувнаа пожари“, објави либанската Национална новинска агенција (NNA).
Цел на воздушните напади беа приградските области Гобеири и Ал-Кафат, автопатот Сајед Хади, областа околу комплексот Ал-Муџтаба и стариот пат до аеродромот, се додава.
Израелската војска постојано го бомбардираше јужен Бејрут во последните неколку недели, извршувајќи смртоносни напади на други места во главниот град и низ Либан.
The IDF strikes the suburbs of Beirut 10x pic.twitter.com/7u6c0X0TGE
— Mossad Commentary (@MOSSADil) November 1, 2024
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа