Анима Мунди: Со самострел, стрелано во мирни маалски миленици во близина на градинка „Пони“ и детски игралишта во Хиподром
Итно да се истражи, открие и најстрого казни сторителот кој од чиста забава и во повеќе наврати со со самострел нишани и застрелува мирни маалски животни, мачиња и кучиња, во Хиподром, во околина на детската градинка Пони, основно училиште „Вера Јоциќ“и детските игралишта кои се полни со деца, пред кои и се застрелани нивните маалски миленици!, велат од Анима Мунди.
„Ова е кутре Нуну, локален миленик, мирна да помирна нема, куче кое децата го обожуваат – изложено на болка и страотно страдање ; за среќа сакано и веднаш му е укажана ветеринарна помош.
На мачките е стрелано при што се предизвикани и многу посериозни рани, а во еден случај луѓето не успеале да го фатат застреланото и преплашено животно, кое останало со метална стрела во телото.
Граѓани се преплашени, гневни, пријавиле во полициската станица Автокоманда и бараат поддршка. Информациите кои бараме да бидат проверени е дека 18 – 19 годишно момче од населбата е видено со ваков вид самострел и посочено како можен сторител. Поединци ни посочуваат дека бил агресивен и во рамки на семејството.
Додека насилството врз животните не се препознава и третира како сериозна психосоцијална девијација и опасност по сите, додека не се превземат најстроги мерки , додека во државни рамки не се промовира соживотот помеѓу човекот и другите живи битија, хуманоста и емпатијата не се поттикнуваат и учат од мали, а ваквите случаи ќе бидат се позачестени и ќе ескалираат многу пошироко. Во случајов секое дете, жител на населбата, случаен минувач е потенцијална жртва на некој кој има без двоумење психосоцијален проблем, решил да се изживува, се осмелил да пука во живи мети и делото го повторува веќе најмалку 5 пати во една седмица!
Повикуваме на итно постапување на службите на МВР , сериозна истрага; постапување на училишните и други служби од доменот на менталното здравје доколку е точно тврдењето дека делото го прави момче од 18/19 години кое од далечина стрела и ужива во болката која ја нанесува и очигледно нема намера да запре!“, стои во објавата од Анима Мунди.
29.10.2024 - 13:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа