Почина Рон Ели, легендарниот Тарзан

 


Американскиот актер Рон Ели, најпознат по улогата на Тарзан во истоимената телевизиска серија од 1960-тите, почина на 86-годишна возраст, соопшти денеска неговото семејство.

„Светот изгуби еден од најголемите луѓе што некогаш ги познавал – и јас го загубив татко ми. Татко ми беше некој што луѓето го нарекуваа херој. Тој беше актер, писател, тренер, ментор, семеен човек и водач“ изјави ќерката на актерот Кирстен Казале Ели во објава на Инстаграм, пренесе Би-Би-Си.

Рон Ели почина во својот дом во Лос Аламос, Санта Барбара, Калифорнија на 29 септември.

24.10.2024 - 20:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега