УХМР со најнова прогноза за наредните денови

 


Времето утре наутро свежо, по одделни котлини и речни долини со услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност поголема во претпладневните часови. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, соопшти УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени.

Во Скопје утрото студено, во делови од котлината магливо. Преку денот сончево со мала локална облачност и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно време со студени утра во кои температури наместа ќе се спуштаат до некој степен под нула степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневната температура ќе биде без значителни промени.

24.10.2024 - 18:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега