И Вељановски се приклучи кон честитките по повод празникот Божиќ
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска упати честитка по повод празникот Христовото раѓање Божик до граѓаните од католичка вероисповед.
-Христовото раѓање е почетокот на духовна промена за човековиот род, меѓник за поделба на новата и старата ера и најрадосниот ден за секој верник во христијанството. Ова е празникот кој е исполнет со многу љубов и топлина, кон Бога, семејството и ближните, како и верба во себе и во другите. Денешниот голем христијански празник, нека ги зближи сите верници и нека даде поттик за создавање добри дела, без лоши мисли и почит кон христијанските вредности на мир, соработка и заедништво, се вели во честитката.
Претседателот на Собранието наведува дека во Република Македонија се почитуваат различните религии и оти мораме заеднички да го градиме патот кон нашата цел, а тоа е да живееме во мир и да се почитуваме бидејќи само така ќе напредуваме кон просперитетна иднина на земјата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа