Таткото на Вања ѝ испратил порака на мајката вечерта пред грабнувањето, но таа не ја видела

 


Зорица Ѓорчевска, мајката на убиената Вања Ѓорчевска денеска сведочеше на судењето за убиството на Вања и Панче

Во однос на прашањето дали Александар ѝ испратил некаква порака вечерта пред случајот, таа рече дека ѝ испратил, но не ја видела. 

Сабајлето не ја проверив и после настана таа гужва и не се фокусирав на порака од вчера.

-Пораката беше принтскрин од чет со Вања каде што ѝ пишал како да се облече следниот ден, да се облече топло бидејќи утре ќе биде ладно. Меѓутоа и да сум ја видела не би се изненадила, бидејќи често знаеше да „соли памет“ како треба да се пушти детето на училиште, рече таа.

Ѓорѓевска кон крајот посочи дека за сѐ ги известувала надлежните органи, а Александар во тој период, како што рече, бил фокусиран на камерите.

- Во недела, на 3 декември ме повикаа во полициска станица околу два часот, со Александар дојдовме, потоа не одвоија, мене ме одвоија во друга просторија и ми кажаа дека е пронајдена мртва и ме однесоа да ја идентификувам, рече таа.

14.10.2024 - 14:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега