Тешка сообраќајка на патот Гевгелија – Смоквица: Тројца итно се пренесени в болница

 

На 08.10.2024 во 15.05 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионален пат Гевгелија – село Смоквица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.Р.(44) од село Баница, струмичко, товарно возило „ивеко“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(30) од село Селце, прилепско и патничко возило „фолксваген поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Н.Г.(37) од Гевгелија, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот А.Р. и сопатниците во возилото „цитроен“ М.Р. и Б.Р., констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

09.10.2024 - 12:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега