Полицијата влезе во домот на кичевчанец, имаше што да најде - веднаш го приведе
Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кичево, синоќа 23:40 часот во Кичево, го лишиле од слобода С.З.(64) од Кичево.
Како што соопшти денеска МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања и неколку тегли со марихуана, дигитална вага и други предмети со остатоци од марихуана.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
08.10.2024 - 09:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа