20-годишен скопјанец со „ауди“ прегазил пешак - итно пренесен во болница

 


Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„534“ во село Марино, скопско, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ш.(20) удрило во пешакот П.Н.(54), двајцата од населба Илинден, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

07.10.2024 - 12:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега