УХМР со најнова прогноза - најавува стабилизација на времето и пораст на температурите

 


Времето до крајот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Само во Полошката Котлина во поголем дел од денот ќе се задржи ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 27 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Температура до 24 степени.

Синоптичарите најавуваат дека во текот на оваа седмица во утринските часови по котлините ќе има ниска облачност, а во текот на денот насекаде ќе преовладува претежно стабилно и релативно топло време. Во среда и петок ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи.

- Утринските температури утре изутрина ќе бидат пониски, а потоа и утринските и дневните ќе бидат во пораст, соопштуваат од УХМР. 

07.10.2024 - 12:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега