Мицкоски: Од ЕУ ми велат вашите власти не убедуваа дека дават гаранција за нешто што не можат да го испорачаат
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија вели дека во Европската Унија соговорниците му кажале дека Пендаровски и Ковачевски прифатиле нешто кое што не го испорачале односно дека ги убедувале дека ќе обезбедат 80 пратеници за гласање на внесување на Бугарите во Уставот, по принципот како за Преспанскиот договор.
Пендаровски и Ковачевски прифатија нешто кое што не испорачаа. Не засрамија и ги засрамија во ЕУ. Знаете мене што ми велат таму сите соговорници? Ми велат ние го поддржувавме тоа затоа што вашите не убедуваа дека ќе испорачаат по принципот на Преспа за уши ќе влечеле пратеници и ќе обезбеделе 80. Еве не успееја. Сега што правиме, вели претседателот Мицкоски и додаде:
Мене на памет не ми паѓа да давам гаранција за нешто за кое не сум сигурен дека ќе го испорачам. Мојот став е многу јасен.
Мицкоски потенцираше дека не може да прифати нешто за кое што претходно бил против.
Ако некој очекува дека оваа Влада или мене да прифатам нешто за кое што сум бил принципиелно против, бидејќи сум имал аргументи, а не зошто сум инаетлив, тогаш мислам дека погрешно очекува. Или не ме познава мене или пак не ги познава приликите тука, кажа Мицкоски.
Претседателот Мицкоски порача дека европските вредности се силни институции, пријателства и добрососедски односи.
Европските вредности се силни институции, европските вредности се добрососедски односи, чесни односи, пријателски односи, изјави тој и додаде дека доколку Брисел сака Македонија да е во Европската унија, тогаш постои начин.
Ако некој во Брисел, во Берлин, во Париз, во Рим, навистина сака да не види таму, има начин. Ако има желба има и начин.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа