Заштитете се од хакери: Ако вашата лозинка е на оваа листа - заменете си ја
„Норд пас“ ја објави својата годишна листа на најпопуларни лозинки во светот и втора година по ред лозинката „123456“ се наоѓа на врвот на неславната листа на најнекреативни лозинки како најкористена лозинка.
Истата лозинка се најде на врвот на оваа листа пет од шест пати откако „Норд пас“ ја објави, со исклучок на листата од 2022 година, кога подеднакво познатата лозинка – „password“ ја зазеде првата позиција. Но, овие годишни списоци секогаш вклучуваат лозинки како QWERTY, ABC и 123, за кои луѓето сè уште веруваат дека можат да ги заштитат нивните најлични информации.
Многу корисници избираат лозинки како „iloveyou“ („тесакам“)или „fuckyou“ („е*исе). За некои, лозинките се одраз на нивните интереси, а многумина се одлучуваат за имиња како лозинки. Некои се залажуваат дека „P@ssw0rd“ е оригинална идеја, не знаејќи дека е потребно помалку од секунда за да се пробие.
Секако, постојат варијации кога станува збор за најчесто користените лозинки во различни земји. На пример, првите места во Финска и Унгарија ги заземаат лозинките „salasana“ и „jelszo“, но кога ќе се преведат јасно е дека тие се исти лозинки – и двете значат „лозинка“.
За да ја креира својата листа, „НордПас“ користи база на податоци од 2,5 TB од „јавно достапни извори“, од кои некои се пронајдени на темната мрежа. На многу од овие лозинки им се потребни милисекунди за да ги пробијат хакерите, па ако вашата лозинка е на оваа листа, треба да ја замените со нешто малку покреативно.
На листата на 10 најкористени лозинки на глобално ниво се 123456, 123456789, 12345678, password (лозинка), qwerty123, qwerty1, 111111, 12345, secret (тајна) и 123123.
Ако се споредат списоците на топ 10 лозинки за лични и деловни сметки, забележливо е дека тие се речиси идентични, што покажува дека луѓето имаат тенденција да се потпираат на истите слаби лозинки и дома и на работа.
Лозинката треба да биде долга најмалку 20 знаци и да содржи големи и мали букви, бројки и симболи, порача „НордПас“. Избегнувајте лозинки што лесно се погодуваат како родендени, имиња или вообичаени зборови. Не треба да користите иста лозинка за повеќе локации или услуги.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа