Филмски грабеж во центарот на Париз - Луј Витон ограбен за само четири минути
Четворица разбојници денеска околу 4 часот и 30 минути упаднале во продавницата на Луј Витон во центарот на Париз и за неколку минути украле повеќе од 100 предмети, јавуваат француските медиуми.
Разбојниците влегле во продавницата со автомобил возејќи во рикверц. Во рок од четири минути, според полициски извори, тие украле голем дел од робата на продавницата, вклучувајќи и повеќе од 100 луксузни предмети. Полициски извор наведува дека засега штетата се проценува на 900.000 евра.
По грабежот побегнале, а полицијата трага по нив.
Француските медиуми пишуваат и дека има видео од надзорните камери кои потврдуваат дека провалниците биле во продавницата само четири минути.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа