Времето денеска сончево и постудено, ветерот ќе достигне брзина над 70 км на час
Времето денеска ќе биде сончево и постудено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови силен северoзападен ветер (наместа над 70 километри на час). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 22 степени.
Во Скопје сончево со мала локална облачност и со засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 22 степена.
Утре ќе продолжи да дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови силен северен ветер повремено со брзина над 70 километри на час. Потоа во следните два дена времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Од четврток се очекуваат нови врнежи од дожд повремено пообилни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа