ВИДЕО: Не ме снимај под фустанот

 

>Пејачката била во еден клуб во Мајами кога го отсвириле нејзиниот нов сингл Soltera, кој се очекува да излезе на крајот на годината. Кога била пуштена песната, Шакира се качила на сцената и танцувала во краток фустан.

Присутните во клубот веднаш ги вклучиле мобилните телефони за да ја снимат познатата пејачка. Меѓутоа, Шакира среде танц забележала дека некој ја снима премногу ниско, односно дека камерата е вперена под нејзиниот фустан.

Шакира почнала да го спушта фустанот надолу колку што може и ѝ рекла на личноста да ѝ го слика лицето, но набрзо нерасположена се симнала од сцената.

Бројни обожаватели на пејачката ја критикуваат личноста која се однесувала така.

„Луѓето се одвратни“, „Шакира не може ни да ужива да танцува на нејзината песна“, „Кој ја снимал вака нека биде уапсен“, „Ова е повеќе од одвратно. Шакира е апсолутно во право што си замина, не треба да се третира со вакво непочитување“, се дел од коментарите.

 

16.09.2024 - 20:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега