Што ќе се продава поевтино во есенската кошничка што ја воведува Владата?
Ориз, грав, месо, печурки, зеленчук и овошје се само дел од производите кои ќе бидат на листата од 100те основни прехрамбени и земјоделски производи на акциската кошничка, изјави денеска министерот за економија Бесарт Дурмиши.
Тој во изјавата за медиуми исто посочи дека ќе се прави ограничување на цените во одредено ниво или ограничување на маржата од пет до 15 проценти. Овие акциски кошнички ќе продолжат и во наредниот период ќе има, велигденска, рамазанска, зимска. Оваа мерка ќе биде доставена следната недела до владата со цел да се усвои и како што изјави Дурмиши веднаш ќе се започне со процедура да се почитува таа мерка.
„Овошни производи, храна, ориз, грав. Сите производи кои што им се потребни, побитни на граѓаните во есенскиот период. Сакам да најавам дека оваа акциска кошничка ќе ја продолжиме и во наредниот период, тоа ќе биде зимска кошничка, велигденска, рамазанска.“ - рече Дурмиши.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа