Македонија добива 330.000 долари за практична настава за зелени вештини за учениците
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, учествуваше и имаше обраќање на церемонијата на потпишување на договорот меѓу УНИЦЕФ Македонија и Групацијата Нелт, иницијатива која има за цел воведување на практична настава за зелени вештини за учениците од професионалните училишта.
Меџити рече дека министерството што тој го предводи поддржува и е целосно посветено на еколошкото образование и климатските активности, преку кои учениците ќе ги зајакнат своите капацитети да учат, дејствуваат и водат во иднина, со цел да се обезбеди поотпорно општество за климатските промени.
„Денес, кога светот брзо се менува, оспособувањето на учениците со знаење и искуство за правилно справување со причините и последиците од климатските промени е од суштинско значење, додека стекнувањето практични вештини и искуства и нивно интегрирање во наставната програма им обезбедува на учениците неопходни алатки потребни за се справат со сложените предизвици на климатските промени“, рече Меџити.
Тој додаде дека зајакнувањето на знаењето на учениците значи и нивно охрабрување да станат активни придонесувачи во решението, бидејќи кога учениците се гледаат себеси како дел од решението, тие се повеќе мотивирани да донесуваат информирани одлуки и да вложат напори кои имаат корист нивната но и глобалната средина.
Од вкупно 1,3 милиони долари доделени за Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Србија, нашата земја ќе добие 330.000 долари во текот на три години, додека иницијативата се очекува да им помогне на 8.100 ученици од стручните училишта да стекнат зелени вештини во однос на еколошката одржливост, зачувувањето на природата и климатската акција, овозможувајќи им практично да го применат знаењето на работното место во иднина во различни области, од управување со отпад и позеленување, производство на енергија до процеси на одржливо производство, енергетска ефикасност и кружна економија во градежништвото.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа