СДСМ: Единствена партија која намерно креира лажни вести е ВМРО-ДПМНЕ

 
ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија која намерно и со план во континуитет креира лажни вести, велат од СДСМ.
 
„СДСМ од друга страна одржа лекција како се постапува во случај на ненамерна грешка или превид. Сите досегашни информации кои ги објави СДСМ се точни во целост, а ВМРО-ДПМНЕ немаше одговор на ниту една. ВМРО-ДПМНЕ криеше и спинуваше додека конечно не мораа да признаат.

Такви се случаевите со луксузните карти и фамилијарните патувања на Мицкоски за САД кои ги криеше како змија нозете, таков е скандалот со министерката Божиновска која исчезна од јавноста откако СДСМ објави дека преку својата компанија должела милион евра на МЕПСО, таков е и скандалот со Игор Јанушев кој на поклон си добил стан од 320.000 евра. Скандалите на ВМРО-ДПМНЕ се нижат од ден во ден и СДСМ ќе продолжи да ги објавува“, стои во соопштението на СДСМ.

01.08.2024 - 10:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа