Полицијата во акција - се апсеше на повеќе локации во Македонија

 


Полицијата во текот на денешниот и вчерашниот ден приведе десет лица.


Денеска  во 02.20 часот на Граничниот премин Деве Баир,  на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.Ч.(43) од Република Турција поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека  приложил две фалсификувани зелени карти за товарно возило „ДАФ“ и полуприколка „Тирсан“ со турски национални ознаки, кои истиот ги управувал. Тој бил предаден на полициски службеници во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Денеска во 02.15 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Б.(27) од Гостивар затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска во 02.30 часот во Градскиот парк во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.П.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска  во 03.25 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(24) од Тетово  затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска во 03.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Р.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 12.20 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.К.(23) од Куманово, со престој во Скопје, затоа што кај него билa пронајденa и одземенa кафеава грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
 
Вчера во 15.40 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Ѓ.(25) од Скопје затоа што кај него билa пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 22.30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.В.(44) од Скопје затоа што при извршен преглед над него и во патничкото возило марка „Опел“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, билa пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 23.20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(22) од село Инџиково, скопско, затоа што кај него билa пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
 
Вчера во 21.45 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го привеле Е.Х.(37) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

20.10.2024 - 11:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега