Запалени четити контејнери во Куманово

 


Четири контејнери во Куманово биле опожарени, соопштија денеска  од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Територијалната противпожарна единица вчера интервенирала на пожар на три контејнери и напуштена гаража под пругата во месноста ,,Бавчи". Контејнер бил запален во текот на вчерашниот ден и во село Горно Којнаре. Пожарникарите гаселе и ѓубре во село Романовце.

Жителите на булеварот ,, Октомвриска револуција" постојано се жалат на неподнослива миризба и додаваат дека воздухот дополнително се загадува поради палењето.

Во текот на викендот несовесни граѓани ги фрлиле во река новопоставените садови за смет долж течението на реката Кумановка.

Кумановци бараат брза и навремена реакција од општинските и државните институции за спречување и казнување на несовесните граѓани кои ја уништуваат урбаната опрема. 

21.10.2024 - 10:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега