Пожарот кај Стар Дојран е изгаснат

 

Големиот пожар кој избувна вчера над Стар Дојран кај депонијата, во месноста Карач и зафати три куќи од синоќа од 19 часот е изгаснат, а во текот на ноќта дежурни екипи внимаваа да на дојде до повторно активирање.

Според градоначалникот на Дојран Анго Ангов, на неколку места сè уште тлеат остатоци од пожарот, а со механизација во текот на денот ќе почне да се затрупуваат делови од депонијата од каде избувна големиот пожар.

Во гаснењето на пожарот учествуваа месното население, пожарникари од Дојран, Валандово, Гевгелија и Струмица, како и еден хеликоптер.

Градоначалникот Ангов, вчера посочи дека пожарот најверојатно е подметнат, бидејќи на местото каде што избувнал пожарот пронашле канти од моторно масло.

31.07.2024 - 09:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа