Стефковски: Гази Баба станува општина без улици со кал

 
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денес направи увид на градежните работи за реконструкција и ревитализација на локални улици во населеното место Кирил Петрушевски.
 
За посетата, градоначалникот Стефковски информираше со објава на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
 
ВО Н.М КИРИЛ ПЕТРУШЕВСКИ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА ИМА НЕАСФАЛТИРАНИ УЛИЦИ!, потенцираше Стефковски.
 
Стефкосвки беше на терен во посета на населеното место Кирил Петрушевски каде што се во тек градежни активности за реконструкција и ревитализација на неколку делови од улици.
 
Ќе се асфалтираат двата краци од ул. Зендел Џемаил и еден крак од ул. Боривое Милошевски, а во договор со жителите еден крак од ул. Зендел Џемаил ќе го направиме со павер елементи, рече Стефковски.
 
„Изминатиот период повеќе граѓани од ова населено место во комуникација со мене бараа решавање на овој проблем и тоа од денес станува реалност.
Точно знам што сум ветил и што сум кажал, ветувањата стануваат дела!
Гази Баба е голема општина и сите проблеми невозможно е да се решат во две и половина години, но имаме план и визија. Со нашата одговорна, чесна и посветена работа за секој проблем на граѓаните ќе се најде решение.
Нашиот народ заслужува“, напиша Стефковски.
30.07.2024 - 14:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега