Форум за еднаквост и различност се одржа во Кавадарци

 

Форум за еднаквост и различност се одржа денеска во Кавадарци, информираа попладнево од Комисијата за еднакви можности при Општината.  

- Форумот имаше за цел да поттикне инклузивност и да се адресираат релевантни прашања во заедницата. Се презентираа наодите и препораките на проектот, истражување на општинските програми и буџети во насока на борба против дискриминација во Општина Кавадарци, со акцент на Комисија за еднакви можности -Општина Кавадарци и инкорпорирање на интерсекцискиот пристап при решавање на предизвиците со кои се соочуваат жените и лицата со попреченост во Општина Кавадарци, појаснија од Комисијата. 

Форумот е дел од проектот,, Од несвесни за различностите, во трансформативни локални заедници кои препознаваат различности и инклузивна еднаквост", што го спроведува Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, Полио плус и Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ).

23.07.2024 - 17:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега