Нормализиран сообраќајот на патот Неготино - Штип преку превојот Серта
Од 20.50 часот вечерва е нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Неготино - Штип преку превојот Серта, во двата правца и за сите видови возила, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
-На регионалниот пат Р1 103 Неготино-Штип, кај крстосница 20км – Неготино преку превојот Серта е нормализиран сообраќајот за сите видови возила, во двата правци, соопшти АМСМ.
Патот беше затворен поради активен пожар и заради безбедност на учесниците во сообраќајот.
АМСМ во понеделникот, 15 јули, информираше дека сообраќајот на регионалниот пат Неготино – Штип, кај село Пепелиште, од истиот ден во 16:15 часот, е во прекин за сите видови возила, во двата правца.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа