Пензиониран пилот од Битола се врати да гасне пожари: Ова ми дава сила да се борам со огнената стихија
Пензионираниот пилот Васко Михалчев е еден од двајцата пилоти кои се вратија од пензија за да ги управуваат противпожарните авиони Ер трактор.
Тој доцна синоќа се огласи на својот фејсбук-профил каде што напиша:
-Вечерва сум посебно среќен затоа што добив огромна поддршка од моите сограѓани и пријатели од мојата Битола. Ова ми дава сила да продолжам понатаму да се борам со огнената стихија која ја погоди Битола и цела Македонија. Не смееме да заборавиме да им одадеме чест и поддршка на сите кои беа долу и се бореа со огнот без престан. Тие се вистинските херои. Ви благодарам на сите за убавите зборови, напиша Васко.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа