Инфлуенсерка осудена за трговија со луѓе: „Чуваше девојка како робинка“
Како што пренесува Би-би-си, две млади Бразилки исчезнале во септември 2022 година, а нивните семејства и пријатели почнале потрага во САД за да ги најдат.
Исчезнатите девојки живееле со истакнатa инфлуенсерка Кат Торес, која порано била познат модел и била видена како се забавува со Леонардо ди Каприо.
Торес успеала да привлече голем број девојки ветувајќи им дека ќе ги научи како да успеат во светот и да стекнат самодоверба. Една од нив, Ана, која одиграла клучна улога во пронаоѓањето на инфлуенсерката и нејзините жртви, изјави дека во 2017 година наишла на инстаграм-профилот на Торес.
„Ме привлече како успеа од бразилска фавела да дојде до меѓународна слава на модел“, рече Ана додавајќи дека во тоа време се чувствувала ранлива и дека Торес ѝ дала надеж. Инфлуенсерката ја напиша и својата автобиографија „Гласот“ тврдејќи дека има духовна моќ и може да ја предвиди иднината“.
Сето тоа ја привлекувало Ана, но и другите девојки, но тие не знаеле дека Торес својата книга ја засновала на полувистини и лаги. Инфлуенсерката им ветила на девојките деловен успех, пари и самодоверба.
Кога Торес во 2019 година ѝ предложила на Ана да се пресели во нејзиното место во Њујорк, каде што ќе ѝ биде помошник, и девојката се согласила. Таа требало да се грижи за станот, да се грижи за домашните миленици и да готви за плата од речиси 2.000 долари месечно.
Меѓутоа, набргу сфатила дека Торес ја третира како робинка постојано барајќи од неа да ѝ помогне во сè и дозволувајќи ѝ да спие само неколку часа на ден.
Бидејќи немала каде да живее зашто го откажала сместувањето во студентски дом во Бостон, а немала средства за живот, издржала три месеци, а потоа успеала да избега и да се пресели кај своето момче. Кога дознала дека уште две Бразилки, Дезире и Летиција, исчезнале во септември 2022 година, Ана и некои други измамени следбеници на инфлуенсерката стапиле во контакт со безбедносните служби, вклучително и ФБИ.
Торес побегна со двете девојчиња што ги држеше во заробеништво, но беше пронајдена и девојчињата беа вратени во Бразил во декември 2022 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа