Пожарот на Серта e смирен

 

Утринава е мирно на Серта, гори на неколку мали локации, информираше денеска неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. 

- Извршив посета на планината Серта каде неколку денови има пожар. Од она што можев да го регистрирам, но и од информациите од вклучените во гаснењето на пожарот, утринава е мирно и пламените јазици речиси и да ги нема. Проблемите почнуваат со покачување на температурата и присуството на ветер. На терен и покрај мирната состојба се присутни и активни голем број чинители. Ја следиме состојбата и дополнително ќе информираме, соопшти тој. 

Пожарот на Серта избувна во средата околу 10:30 часот и во изминатите денови таму се гаснеше од земја и воздух.

Доцна синоќа, Кризниот штаб на Општина Неготино донесе заклучок да се побара од ДЗС дополнителна противпожарна опрема, од СВР Велес обезбедување дрон за подобра прегледност на теренот и од Македонија пат, механизација. 

- Пожарот на планината Серта е се уште активен, битката со огнот продолжува. И покрај натчовечките напори вложени во гаснењето на пожарот на планината Серта од страна на сите учесници и дејствувањето од воздух и од земја, сепак пожарот не е ставен под контрола и се уште е активен, било констатирано на состанокот на Штабот. 

Надлежните како причина за тешкотиите при гаснењето ги навеле непристапниот терен, густата вегетација, високите температури и ветерот кој често го менува правецот.

На состанокот на Кризниот штаб на општина Неготино, заклучено било активностите за гаснење пожар од воздух и земја и со расположливите ресурси, да продолжат и денеска.

15.07.2024 - 12:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега