Нови промени во здравствените установи: Доктор Стојаноски на ГОБ , Андоновска на Институтот за јавно здравје
Уште две здравствени установи добија ново директори.
На местото на досегашниот директор Христијан Костов на Градската општа болница 8ми Септември, доаѓа познатиот доктор Синиша Стојаноски.
Стојаноски е Доцент на Институтот за Патолошка физиологија и Нуклеарна медицина, а во моментот е пратеник во Собранието.
Со институтот за јавно здравје ќе раководи Марија Андоновска.
Андоновска по професија е дипломиран стоматолог. Работи на Универзитетскиот стоматолошки клинички центар во Скопје и е асистент на Катедрата за болести за забите и ендодонтот. Андоновска била пратеничка во македонскиот Парламент, а во моментот е Советник во Советот на Град Скопје.
Се очекува следната недела директорските промени да продолжат и во другите здравствени установи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа