Изменет сообраќаен режим на булеварот „Србија“, се снима филм
Изменет сообраќаен режим ќе биде воведен на булеварот „Србија“ вечер од 18 часот до утре во 5 часот, поради снимање на сцени за играниот филм „Осветлен“ во режија на Срѓан Јанаќиевиќ, информираат од продуцентската куќа „Ново Македонско Видео“.
- Една од сцените е предвидено да се снима на потегот помеѓу булеварите „Трета Македонска Бригада“ и „Србија“. За потребите на снимањето денеска, од 18 часот до 5 часот утре (четврток), ќе има измена на сообраќаен режим на булевар „Србија“. Тоа значи дека ќе биде затворена едната сообраќајна лента од крстосницата со булевар „Борис Трајковски“ до крстосницата со булевар „Трета Македонска Бригада“, соопштуваат од продуцентската куќа.
На истиот потег за време на снимањето ќе биде овозможено движење само на автобусите на јавниот градски превоз, товарните возила и на амбулантните возила.
Од „Ново Македонско Видео“ јавуваат дека за време на снимањето е обезбедена полициска асистенција од СВР Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа