Си купиле земјиште во форма на морски коњ и се испразниле за 25 милиони евра

 

Роналдо и Георгина купиле земјиште на остров во форма на морски коњ во Дубаи за 25 милиони евра. Планираат таму да изградат замок.

Португалскиот напаѓач заедно со партнерката Георгина Родригез станаа сопственици на дел од „Џумеира Беј“ во Дубаи. Ова е вештачки остров во форма на морски коњ, поврзан со Дубаи со мост од 300 метри.

Парот планира таму да изгради замок за себе и за своите пет деца. Работата треба да заврши до крајот на годинава.

Сега 39-годишниот напаѓач на Ал-Наср, Роналдо игра за Португалија на Евро 2024 година.

25.06.2024 - 15:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега