„Вектра“ и „Голф“ изгореа во Чаир
Два автомобила изгореа вчера попладне близу трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје. Најпрвин се запалил автомобил „Опел вектра“, а потоа пламените јазици се прошириле и на „Голф“.
Како што информираат од полицијата, засега непознато лице „блуело“ оган кон Опелот и автомобилот почнал да гори. МВР работи на расветлување на случајот.
21.12.2013 - 11:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа