Тешко повреден градежен работник од Делчeво
Вчера во 14.00 часот во СВР Тетово, од Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.Н.(64) од Делчево.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи за градежна фирма од Скопје на патот во изградба кој води од с.Требош кон главниот пат Тетово - с.Јажинце.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово во присуство на одговорно лице од фирмата и трудова инспекција.
13.06.2024 - 15:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа