„Летаат казни“, МВР санкционираше 120 возачи во Скопје

 

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 120 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола седум санкции, седум мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, три санкции за користење мобилен телефон при возење.

Изречени се пет мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, четири санкции за непрописно престројување при возење...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

06.06.2024 - 10:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега