Новак Ѓоковиќ проговори за Данка: „Нѐ соедини во молитва“
Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, сподели потресна порака упатена до Данка Илиќ, која ја обедини Србија последните денови.
Додека се подготвува за Мастерсот во Монте Карло, и Новак Ѓоковиќ ги следи сите случувања во Србија, па и тој како и цела нација беше погоден од случајот со Данка Илиќ поради што се огласи на социјалните мрежи.
„Кога исчезна, не соедини во молитва“, е пораката што најдобриот тенисер на светот ја сподели на својот профил.
Данка Илиќ (2) исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор, а припадниците на МВР по десетдневна опсежна операција го уапсија С.Ј. (50) и Д.Д. (50), двајцата од Бор, поради сомнение дека убиле мало девојче.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа