Искористете го убавото време за викенд, од понеделник нов влажен бран
Времето денес променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.
Времето во Скопје променливо облачно, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
За време на викендов времето ќе биде сончево и релативно топло. Во недела ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот, во текот на ноќта и во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи и силен ветер (над 70 km/h). Поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег и температурата ќе биде во опаѓање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа