Отоврен ден со Централниот регистар во Куманово

 

Денеска во Куманово граѓаните имаа можност да ја посетат регионалната регистрациона канцеларија со цел истите да се запознаат подобро со оваа институција. 

- Многу сме задоволни од заинтересираноста на граѓаните за отворениот ден во Куманово.Тимот од Скопје одговараше на низа прашања кои беа поставувани од граѓаните, а  кои се поврзани со работата на Централниот регистар, како и со новините кои се воведени, рече советникот во Централниот регистар на Македонија, Жаклина Танушевска и објаснува дека отворениот ден го искористиле и за промоција на системот  за  е-потврди.

Таа додаде дека системот овозможува олеснет пристап до документите кои ги издава Централниот регистар и е особено  погоден за потврдите потебни за учество во постапки за јавни набавки. Целата постапка за нарачки и преземења преку овој систем може да да се изврши од кој било комјутер со интернет пристап, појасни таа.

Во Центарот за култура "Трајко Прокопиев" денеска беше презнетирана и постапката за електронско поднесување годишни сметки за 2013 –та година.

- Дополнително, на денешната презентација информиравме и за  новововедената категирија регистрационен агент кој без никаков надоместок овозможува електронска регистарција на фирми, рече Танушевска.

18.12.2013 - 16:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега