ФОТО: Пендаровски и Силјановска - нека победи подобриот
Двајцата кандидати за претседател на следните претседателски избори, актуелниот претседател на државата Стево Пендаровски, и кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, вчера на кратко имаа можност да се сретнат и да се поздрават.
На Комеморативна вечер во Музејот на холокаустот што се одржа синоќа во спомен на македонските Евреи, кои почнувајќи од 11 март 1943 година биле депортирани во Треблинка, каде трагично ги завршија своите животи, двајцата кандидати за претседател љубезно се поздравија и се ракуваа.
Ако во овој куртоазен гест може да се гледа некоја симболика, интересно е што во тој момент во кадарот на нивното поздравување се најде и поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.
Нивната средба доаѓа во момент кога земаат залет нивните кампањи за претседателски избори, на кои токму Давкова и Пендароски се сметаат за фаворити за влез во вториот круг и главни ривали во трката за следниот мандат за шеф на државата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа