Тренчевска: Наша цел е сите лица во транзит да имаат побезбедна и посигурна средина

 


„Министерството за труд и социјална политика, работејќи во партнерство со Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Гевгелија, одигра клучна улога во управување на тековното работење на кампот. Нивниот фокус на обезбедување заштита на ранливите категории на лица, особено на децата без придружба, ја нагласува нашата посветеност да ги заштитиме оние на кои сме им најпотребни“ рече дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска  при денешната посета на привремениот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Таа ја изрази свесноста на институциите за траумите и ризиците на кои се изложени мигрантите и ја искажа фокусираноста на вработените да им помогнат на мигрантите да ги надминат траумите и да се охрабрат за продолжување на патот до следната дестинација.

„Во изминатата 2023 година, „Винојуг“ прифати 586 придружувани деца/странци кои патуваат со своите родители/старатели и 164 деца/странци без придружба. Ова вклучува 161 машки и 3 женски, од кои сите добија старателство. Во првите два месеци од 2024 година, може со гордост да кажеме дека продолжуваме со нашите напори, олеснувајќи го транзитот на 18 машки и 5 женски деца придружувани деца/странци, но и на 11 деца/странци без придружба, односно на 10 машки и 1 женско дете“ изјави Тренчевска.

 На крај таа ја искажа посветеноста за обезбедување на побезбедна и посигурна средина за сите лица во транзит.

11.03.2024 - 15:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега