Во Скопје се одбележуваат 81 година од депортирањето на македонските Евреи


Денеска во Скопје со положување цвеќе пред споменикот на 7.144-те депортирани македонски Евреи во дворот на поранешниот скопски Монопол се одбележуваат 81 година од депортирањето на македонските Евреи во нацистичкиот логор „Треблинка“.

Меѓу оние кои положуваат цвеќе, се и претседателот на државата, Стево Пендаровски, техничкиот премиер Талат Џафери, пратеници, амбасадори.

-Денеска им оддаваме почит на 7.144 Евреи од Македонија. На Марија, Пепо, Жоли, Бесале, Дора, Давид, Руфел, Јаков, Боена, Мари, Ештер и многу други Евреи од Македонија, кои загинаа трагично во логорот на смртта ,,Треблинка”. Седум илјади сто четириесет и четири Евреи од Штип, Битола и Скопје никогаш повеќе не ги видоа своите родни градови, рече претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви во својот говор.

Техничкиот премиер Џафери порача дека не се тука да отворат рани од болното минато, туку да испратат порака нешто слично да не се случи никогаш повеќе. Тој, меѓу другото, рече оти се придружуваат на велењето ,,не” за каква било форма на нетолеранција, антисемитизам, фашизам, агресија преку исклучување и говор на омраза.

 

11.03.2024 - 11:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега