Џафери има лоша математика: Во март сите што сакаат ќе можат да извадат нови пасоши

 

Техничкиот премиер Талат Џафери вели дека до март сите можат да се опремат со нови документи. Тој пресметал дека со динамиката на издавање над 90.000 пасоши месечно, во март сите оние кои поднеле ќе можат да земат документи. Тој објасни дека месечно има околу 100.000 апликации што значи дека динамиката е задволувачка.
„ Имајќи предвид дека има уште 50 дена до изборите, со оваа динамика 100те илјади што се вртат информациите, луѓе што немаат документ, со оваа динамика во текот на март месец ќе можат сите да се опремат со соодветни документи, но мора да иницираат барање“ – рече Џафери.
Новинарите на денешната прес конференција му објаснија дека документите кои што се издадени во февруари се аплицирани уште во декември, но тој се правдаше дека ги објавува информациите кои што ги добил.

06.03.2024 - 10:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега